Утринска Гимнастика: Maserati Quattroporte Fascination – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Maserati Quattroporte Fascination

Италијанскиот бренд претстави промотивно видео во кое ја прикажува нивната визија за идните купувачи на новото Quattroporte.

Maserati го замислува купувачот на Quattroporte како бизнисмен на средина од четириесетите години, кој има жена која е околу десет години помлада од него. Тој го вози својот автомобил заедно со неговата сакана низ планински патишта, а потоа оди на состаноци со неговите колеги, што ни дава до знаење точно за кого е наменет овој модел.

Цената на Quattroporte во Велика Британија за моделот со V6 мотор изнесува 96,000 евра, додека V8 верзијата започнува од 130,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.