Премиера: 2014 Jeep Grand Cherokee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: 2014 Jeep Grand Cherokee

Jeep го претстави освежувањето на својот најпопуларен SUV, Grand Cherokee. Заедно со претставувањето на Cherokee, беше претставена и неговата „жешка“ SRT8 верзија.

Пред свото деби во Детроит, Jeep одлучи официјално да го претстави фејслифтот на Grand Cherokee. Grand Cherokee е достапен од 2010 година, а веќе добива фејслифт кој носи очигледни промени во изгледот.

Предниот дел на Grand Cherokee добива повеќе измени, но најзабележителни се новите агресивни предни светла со LED диоди, како и популарната предна маска на Jeep.

На задната страна исто така не пречекуваат LED светлата, новата редизајнирана врата на багажниот простор како и новиот браник со кој Grand Cherokee е позабележителен.

Во внатрешноста исто така има измени, сега тука се и новите екрани на допри (5 или 8,4 инчни) како и новиот волан и инструментите. Нормално, квалитетните материјали и инструменти се присутни, како што доликува во ваков премиум SUV.

Но, како новитет со фејслифтот на Grand Cherokee е и новиот дизел мотор кој одсега ќе се вградува. Се работи за 3.0 литарскиот V6 за кого сеуште немаме информации околу моќноста. исто така тука е и 8-степениот автоматски менувач кој ќе ја пренесува силата на четирите тркала.

Со претставувањето на редизајнот на Grand Cherokee, Jeep ја претстави и неговата “жешка” верзија – SRT8!

SRT8 верзијата нормално изгледа уште поагресивно, нуди поразлични LED предни светла, заден спојлер, како и нов сет алуминиумски фелни.

SRT8 верзијата под поклопецот го има големиот 6.4 литарски HEMI V8 мотор кој располага со 470 КС и 630 Nm вртежен момент. Но, тука е и ноиот “Launch Control” со кој Grand Cherokee треба да биде значително побрз од својот претходник. Да се потсетиме, моменталната SRT8 верзија на Grand Cherokee забрзува од 0 до 100 km/h под 5 секунди, што е импресивно за еден ваков модел.

Исто така, во SRT8 верзијата, 8-степениот автоматски менувач претрпе неколку модификации со кој сега менувањето на брзините е значително побрзо. И внатрешноста на SRT8 верзијата се издвојува од „обичната“ Grand Cherokee верзија – тука сега е нагласен уште повеќе спортскиот дух и моќта на Grand Cherokee.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Wagoneer S е најбрзиот Jeep досега!


Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.