Infiniti Q50 – Спортски и елегантен Јапонец! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Infiniti Q50 – Спортски и елегантен Јапонец!

Подготвен да и се спротивстави на новата BMW Серија 3, новиот спортски лукзузен седан со Јапонски гени, Infiniti Q50 e претставен на 2013 Детроит.

Новиот Infiniti Q50 е инспириран од концептот Essence и го краси атрактивен флуиден и спортски дизајн со агресивен преден дел на кој преовладуваат големата решетка и намрштените светлосни групи. Задниот дел е помирен и изгледа за нијанса поспортски од неговиот претходник, додека пак гледан во профил, автомобилот изгледа елегантно, поради чистиот дизајн со заоблени линии.

Ентериерот е исто така нов, но сепак е направен во сличен дизајн како на претходниот модел. Тука доминира новиот мултимедијален систем на Infinity со два екрани на допир. Според Infinity, задната клупа нуди огромен простор благодарение на потенките предни седишта и поместувањето на Б-столбот нанапред со што е овозможен полесен приод позади.

Моделот може да разликува до четири паметни клучеви, да го препознае секој возач и да ги намести прилагодувањата според него. Mожат да бидат зачувани повеќе од 96 подесувања, како на пример возачката позиција, климата, аудиото, навигацијата итн.

Infiniti тврди дека моделот има многу подобрени возни својства и динамика од неговиот претходник G37. Во САД ќе биде понуден со два бензински агрегати, 3.7-литарски V6 мотор со 328 кс и нов 3.5-литарски V6 мотор поврзан на хибриден систем. Двата агрегати се усогласени со седум-степен автоматски менувач и се понудени со погон на задните или на сите тркала. За останатиот дел од светот понатаму ќе бидат претставени два нови мотори, кои најверојатно ќе бидат преземени од Mercedes-Benz.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.