Утринска Гимнастика – Што да очекуваме на овогодинешниот Dakar? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика – Што да очекуваме на овогодинешниот Dakar?

Како што веќе напоменавме, утре започнува овогодинешното издание на Дакар релито, кое ќе се вози од Лима до Сантиаго, а учесниците ќе поминат 8432 километри!

Возачите ќе поминат вкупно 14 дена возејќи и ќе имаат еден ден за одмор. Ќе поминат 8432 километри, од кои 4146 ќе бидат мерени. Најголемата делница која ќе треба да ја извозат во еден ден е 852 километри, а најкратката 250. Највисоко ќе се искачат на 4800 метри надморска височина, а просечно во пустината Атакама паѓаат 0 милиметри дожд годишно.

Овогодинешното рели започнува во Лима, а ќе заврши во Сантиаго. Возачите ги очекуваат многу предизвици, а нивните автомобили, мотори и камиони ќе поминат низ многу тешки услови. Им посакуваме среќа на сите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.