Jaguar планира ривал на BMW Серија 3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar планира ривал на BMW Серија 3

Jaguar планира да претстави нов помал седан кој ќе биде конкуренција на Серијата 3 од BMW.

Моментално, на Британскиот производител со Индиски сопственук му е поголем приоритет да создаде ривал на Серија 3, отколку да лансира кросовер. Глобалниот директор на брендот, Адриан Халмарк, смета дека иако кросовер би создал поголем публицитет отколку седан, тие не се брзаат да лансираат таков модел бидејќи нивниот сестрински бренд Land Rover веќе ја покрива таа категорија.

Тој исто така истакна и дека Jaguar планира да понуди погон на сите тркала како опција за сите наредни модели, кај сите погонски единици. Халмарк додаде дека иако Jaguar не мможе да ги направи сите сегашни агрегати компатибилни со погонот на сите тркала, во иднина тие ќе можат да ја имплементираат технологијата во целата гама.

Jaguar веќе имаше свој играч во оваа класа – а тоа е Jaguar X-Type, кој беше развиен во времето кога Ford беше сопственик на Jaguar и овој автомобил делеше голем дел од технологијата, но и платформата со Ford Mondeo. Да се надеваме дека овој пат Jaguar ќе успее да донесе на пазарот модел каков што му прилега на овој историски и аристократски бренд.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.