Освежениот Mercedes-Benz GLK пристигна во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Mercedes-Benz GLK пристигна во Скопје!

Освежениот Mercedes-Benz GLK пред само неколку часа ја имаше својата македонска премиера!

Фејслифтираната GLK-класа носи многу новитети, но најприметлива е затегнатата каросерија, која сега изгледа доста поагресивно и поподготвено за справување со различните услови на патот, а нови се и неколкуте верзии на ентериерот, кои се освежени и доработени со најлуксузните и најквалитетни материјали – всушност, онакви какви што можеме да очекуваме од Mercedes-Benz.

Она што нам ни го привлече вниманието е понудата на мотори – сите нудат одлични перформанси и ниска потрошувачка на гориво.  GLK 250 CDI BlueTEC 4Matic нуди 205 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, но и потрошувачка од 6.1 до 6.5 литри на 100 изминати километри. Тука е и 220 CDI со 170 коњски сили и со импресивно ниска потрошувачка од само 5.5 – 5.6 литри на 100 изминати километри.

Најмоќниот дизел е GLK350 CDI 4Matic BlueEFFICIENCY со 265 коњски сили и 620 Nm вртежен момент, кој троши само 7 литри на 100 изминати километри. Кај бензинците достапен ќе биде GLK350 4Matic BlueEFFICIENCY со BlueDIRECT технологија, кој овозможува импресивни перформанси комбинирани со ниска потрошувачка. Овој мотор нуди 225 коњски сили и 370 Nm вртежен момент.

Секако, освежениот GLK нуди и цела лепеза на безбедносни системи како дел од стандардната опрема – на пример Brake Assist System, Agility Control, ESP, 4ETS системот за контрола на тракција, PRE-SAFE и Attention Assist, и многу други корисни системи кои не само што го олеснуваат возењето, туку и значително ја зголемуваат безбедноста на возилото.

Цените започнуваат од 45.680 Евра за GLK220 CDI и одат се до 56.110 за GLK 350 CDI, односно 56.500 евра за GLK 350.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.