Peugeot 301 промовиран во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 301 промовиран во Македонија!

Новиот компактен седан на Францускиот производител вчера беше промовиран пред Македонската јавност!

Моделот за кој веќе во неколку наврати пишувавме, и околу кој е изграден интересниот проект 301 Road Trip вчера беше претставен пред Македонските автомобилски новинари, во присуство на Македонските музички ѕвезди кои соработуваат со Peugeot. Секако, присатни беа и Македонските учесници во 301 Road Trip – Игор Штерјов и Зорица Серафимовска Арсовска. Како што веќе знаете, Peugeot 301 Road Trip е интересен караван кој ќе помине вкупно 10.000 километри низ 17 држави!

Компактниот седан ни го привлече вниманието со интересниот дизајн, и сигурно ќе биде повеќе од конкурентен во својата класа. Официјалниот старт на продажбата е најавен за околу две седмици, кога ќе ја имаме и шансата подобро да го запознаеме Peugeot 301!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.