Новиот Kia Cee’d претставен пред Македонската јавност! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Kia Cee’d претставен пред Македонската јавност!

Откако пред неколку дена ви ги пренесовме првите неофицијални фотографии од новиот натпреварувач на KIA во Ц-сегментот, денес ви ги пренесуваме информациите од официјалната презентација на новиот Cee’d!

Новиот Cee’d пред само неколку часа ја имаше својата премиера пред Македонската публика, и мораме да кажеме дека нашите први импресии од Европскиот Кореец се мошне позитивни. Во пријатна атмосфера го видовме новиот Cee’d, и можеме само да кажеме дека се надеваме дека набргу ќе можеме и поубаво да се запознаеме со него.

Автомобилот уште на прв поглед привлекува со интересниот и модерен дизајн, а вниманието се задржува на екстремно косиот агол на ветробранското стакло, детал кој најавува врвна динамичност, нешто што веќе се навикнавме да го очекуваме од KIA.

Според најавите, моделот ќе се нуди со два бензински и два дизелски агрегати. Едниот бензинец е со зафатнина од 1.4 литри и моќност од 99 коњски сили, а другиот 1.6-литарски со моќност од 136 коњски сили. Дизелите се 1.4-литарски CRDI со 90 коњски сили и 1.6 CRDi со 126 коњски сили.

Новиот натпреварувач на KIA во Ц-сегментот навистина ветува многу!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.