MINI Countryman – две години подоцна – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI Countryman – две години подоцна

Countryman е првиот модел на MINI со погон на сите четири тркала, првиот кој понуди четири врати, како и прв модел на MINI кој е подолг од четири метри. Сега, две години подоцна, Countryman добива неколку помали измени.

Всушност, се работи за неколку поситни естетски модификации со кој MINI Countryman ќе влезе во новата, 2013 година. Така, задната клупа на Countryman сега има три седишта, но во понуда е и верзија во која задната клупа ќе нуди две индивидуални седишта.

Промените најмногу се однесуваат на внатрешноста каде сега во понудата се нови бои и материјали, редизајнирани се некои поситни детали како отворите за клима, нуди нови панели во вратите како и повеќе место за оставање на ситниците во автомобилот.

Надворешно, новиот Countryman не нуди промени, освен што понудата на боите е сега проширена.

Промени на моторите или нивната моќност нема, а цените за „новиот“ MINI Countryman ќе бидат дополнително објавени.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.