full screen background image
Search

Volkswagen Scirocco GTS со 207 КС!

Ознаката GTS која е добро позната во историјата на Scirocco ќе ја гледаме повторно! Како што знаеме Scirocco GTS беше претставен во Leipzig, а сега и официјално е во продажба во Европа.

Продажбата започна, почетната цена е 28,100 евра за наследникот на познатите GTS верзии од седумдесетите и осумдесетите години.

Како што знаеме, тука се тркачките линии кои се развлекуваат по должината на целиот автомобил како и специјално дизајнираниот заден спојлер и заден браник. Од естетските модификации тука се уште и новите 18 или 19 инчни бандажи како и ретровизорите кои се во црвена боја.

Scirocco GTS е понуден со неколку мотори од кои најмногу импресионира 2.0 TSI бензинецот кој развива 207 КС! Покрај него тука е „малиот“ 1.4 TSI кој развива 158 КС, 2.0 TDI дизел агрегатот со моќност од 138 КС, а тука е и Bluemotion верзијата која е придвижувана од 2.0 литарскиот TDI дизел мотор со 168 КС.

Ентериерот на Scirocco GTS исто така добива неколку промоени со кои се разликува од нормалната верзија. Внатре преовладува “piano black” финишот како и црвените конци со кои се сошиени седиштата, управувачот и менувачот.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.