Aventador GT ќе биде прикажан во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aventador GT ќе биде прикажан во Женева

Lamborghini планира да ја прошири гамата на Aventador со дури три нови модели кои ќе дебитираат во наредните неколку години.

Првиот од нив ќе биде Roadster или Spyder кабриолетот со отклонлив карбонски покрив. Вториот ќе биде GT верзијата со четири седишта, која ќе биде претставена на автомобилскиот саем во Женева, во Март следната година.

Aventador GT ќе биде претставен во концептна форма, за да се испита заинтересираноста на потенцијалните купувачи пред да стапи во производство. GT моделот ќе биде придвижуван од истиот 6.5-литарски V12 агрегат со 700 кс, кој во 2013 ќе добие деактивација на цилиндрите и стоп/старт систем.

Секако, третиот модел на Aventador ќе биде најсилната и најспортска верзија SuperVeloce, која ќе претрпи многу технички подобрувања за да добие уште подобро управување.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.