Дополнување на гамата: Peugeot Onyx Scooter Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дополнување на гамата: Peugeot Onyx Scooter Concept

Пред неколку дена го претставивме револуционерниот Onyx Concept на Peugeot, а сега Onyx фамилијата е проширана и со скутер концепт со истото име.

Onyx Scooter Concept претставува визија на Peugeot за скутер со три тркала – дефинитивно интересна студија на Peugeot, но не и прва во оваа насока. Peugeot веќе имаше скутер со три тркала во сериско производство – познатиот Peugeot MP3.

Сепак, скутерот кој го носи името Onyx нуди помалку од оние 680 коњски сили кои ги видовме во суперавтомобилот Onyx Concept. Скутерот на три тркала има мотор од 400 кубни сантиметри заедно со електромотор – комбинација која нуди моќносто од 60 коњски сили.

Onyx Concept пред возачот нуди и место за складирање на дребулии наречен “ClipBox”, но кога ќе се извади таа „кутија“ за ситници Onyx Scooter влегува во спортскиот режим на работа, каде возачот го има чувството дека седи зад некој спортски мотор. Постои и „Urban Mode“ – кога скутерот се трансформира во секојдневен градски скутер со покомфорна позиција за седење на возачот.

Во галеријата подоле можете да ги погледнете фотографиите од Onyx Scooter Concept и неговите можности за трансформација.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.