BMW го претстави својот мотор со три цилиндри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави својот мотор со три цилиндри

BMW претстави нов, малолитрежен турбо-бензинец кој ќе биде вградуван во сериите 1 и 3, како и новите генерации на моделите на MINI.

Тоа е новиот 1.5 литарски турбо-бензинец со три цлиндри, но ќе се нуди и нов дизел мотор со истиот капацитет. Овој мотор, според BMW, е дури 15% подобар и поекономичен од сегашните мотори во понудата, оние со четири цилиндри.

Блокот на моторот е целосно направен од алуминиум, а ја добива и Valvetronic технологијата – варијабилното отварање на вентилите. Според BMW, ова му овозможува на бензинецот да развива од 50 до 66 КС по цилиндар, што значи дека бензинецот ќе има моќносто од 120 до 200 КС!

Дизел агрегатот пак има позајмено 60% од конструкцијата на бензинецот, а би имал моќност од 100 до 181 КС.

Овие мотори, најверојатно прво ќе ги видиме во i8 хибридот на BMW, но како што кажавме погоре, наменети се за во Series 1 и 3, како и за новите модели на MINI.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.