Новиот VW Golf BlueMotion ќе троши 3.2 л/100км – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот VW Golf BlueMotion ќе троши 3.2 л/100км

Сегашниот Volkswagen Golf BlueMotion, со потрошувачка од 3.8 л/100км и загадување од само 99 г/км, е многу ефикасен автомобил. Сепак, претстојниот Golf 7 BlueMotion лесно ќе ги помине овие бројки, пред се бидејќи е за околу 100 килограми полесен од Golf 6.

Од Volkswagen потврдија дека Golf 7 BlueMotion ќе троши 3.2 л/100км гориво и ќе емитира издувни гасови од само 85 г/км CO2. Дополнително, автомобилот располага со помал коефициент на воздушен отпор. Сето ова значи дека Golf, заедно со неговиот 1.6-литарски турбодизел мотор, ќе биде подобар од останатите “зелени” автомобили.

Понатаму, за тие што немаат потреба од компактен автомобил со пет врати, исто така ќе биде претставена и три-вратна верзија, некое време по лансирањето на стандардниот модел. Golf 7 официјално ќе биде претставен во текот на церемонија, која ќе се одржи во Берлин на 4-ти Септември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.