WRC: Лоеб освои 9-та победа во Германија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Лоеб освои 9-та победа во Германија

Себастијан Лоеб победи на ADAC Релито во Германија по 9-ти пат, повторно покажувајќи доминантни перформанси на патот кон неговата 9-та титула.

Додека во јавноста се шири веста за Лоеб-овото заминување во пензија, Французинот им одржува лекции на сите кои сеуште не научија дека не треба да се сомневаат во неговите возачки способности.

Возејќи Citroen DS3 WRC заедно со совозачот Даниел Елена, Лоеб заврши на првото место, дури 2 минути пред Јари-Мати Латвала со неговата Ford Fiesta WRC. Мико Хирвонен го освои третото место и го комплетираше подиумот за Citroen.

На четвртото место заврши “приватниот” возач Мадс Осберг, додека најдобар резултат за WRC Team Mini Portugal постигна Крис Аткинсон, кој го освои петтото место.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.