BMW X3 sDrive 18d – Уште едно BMW со погон на задните тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW X3 sDrive 18d – Уште едно BMW со погон на задните тркала!

Додека сите производители се обидуваат да понудат на пазарот поевтини автомобили со погон на предните тркала, BMW ја проширува понудата на X3 со заден погон уште во основното ниво на опрема!

По претставувањето на најмалиот SUV во гамата, X1 кој доби заден погон, BMW ќе го направи истото и на поголемиот брат X3. Целта на BMW е да го направи X3 полесен за управување, а токму тоа ќе го добие со задниот погон.

X3 sDrive 18d е придвижуван од 2.0 литарскиот турбо-дизел мотор кој има моќност од 141 КС и 350 Nm вртежен момент. Според официјалните податоци, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 9.9 секунди, а максималната брзина изнесува 193 km/h. Овие бројки се однесуваат на X3 sDrive 18d со мануелен менувач, додека истиот модел опремен со осум-степениот автоматски менувач е поспор за 0,4 секунди.

Нормално, X3 sDrive 18d кој ќе биде понуден уште во основното ниво на опрема има цел да понуди економичност а не перформанси! Така, оваа X3-ка има просечна потрошувачка од 5,1 l/100km, што е импресивно за еден кросовер.

Цената на BMW X3 sDrive 18d изнесува 36,200 евра!

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.