Google автомобил без возач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Google автомобил без возач!

Како што знаеме, Google почна со изработка на својот автомобил без возач (self-driving car). После многуте тестови кои ги претрпе ова возило, Google дојде до заклучок дека автомобилот е подобар од просечен возач!

Системот на Google кој се состои од ласери и радари, ги потврди претпоставките дека ова возило може да биде посигурно од просечен возач!

Google автомобилот пројде 300.000 милји (482.803 km) без да забележи ниту еден судар или било каква гребаница! Импресивно нели! Според некои истражувања, просечен возач има најмалку еден судар на секои 165.000 милји, но не и Google автомобилот.

Иако овој автомобил е способен целосно сам да функционира, во текот на целиот пат во него се наоѓале два патника кои ја надгледувале работата на системот, а по потреба и да реагираат доколку нешто се случи. Според тоа одсега Google ќе го намали бројот на “екипажот”, па така наредниот пат во автомобилот ќе биде само еден патник.

Покрај позитивните вести, Google соопшти дека од сега како Google автомобил ќе биде и Lexus RX450h покрај досегашната Toyota Prius.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.