Литиум-Јонските батерии ќе бидат дури три пати поефтини во 2020? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Литиум-Јонските батерии ќе бидат дури три пати поефтини во 2020?

Најновите истражувања покажуваат дека цената на литиум-јонските батерии драматачно ќе се намали до 2020, со што ќе се намали цената, а зголеми побарувачката на електричните возила.

Според стуријата направена од McKinsey Quarterly, цената би можела да се намали од 500-600 долари за киловат час, на 200 долари до 2020, додека до 2025 би можела да достигне 160 долари. Ова значи дека нивната цена ќе се намали дури за три пати! Бидејќи сега високата цена на батериите не им овозможува на производителите да ги продаваат нивните електрични возила со конкурентна цена, намалувањето на цената на батериите дефинитивно ќе и даде “залет” на електричната индустрија.

Се надеваме дека информацијата е точна, бидејќи доколку е, електричните возила конечно ќе можат да ги заменат местата на нивните бензински конкуренти, надминувајќи ги не само во перформанси и економија, туку и со нивната цена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.