Електричниот автомобил на Peugeot, iOn доби своја товарна верзија.
Peugeot iOn Cargo настана во соработка со фирмата Sortimo. Нормално за да биде товарно возило, iOn претрпува неколку модификации на задниот дел со кои сега iOn може да прими различен товар. Во соопштението за жал не се наведуваат најважните бројки – носивоста и товарниот простор.
Автономоијата на iOn Cargo со полна батерија изнесува 150 km, а чини 29,400 евра.