Citroën DS3 XL и Sebastien Loeb го освоија златниот медал на 2012 X Games! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën DS3 XL и Sebastien Loeb го освоија златниот медал на 2012 X Games!

Себастијан Лоеб победи на финалето на Реликрос! Оставајќи го второпласираниот Кен Блок дури 12 секунди позади, покажа зошто е осумкратен Светски Рели Шампион.

Како и што се очекуваше од Лоеб, покажа извонредно возење и ги остави неговите противници „да дишат прашина“ позади него. Во финалето, автомобилот на Лоеб се лансираше и извози шест перфектни кругови, одејќи кон сигурна победа пред Кен Блок. Минатогодишниот шампион Брајан Диган ја освои бронзата, со време од 43 стотинки позади неговиот тимски колега Кен Блок.

За најголем конкурент на Лоеб се сметаше двократниот победник во Реликрос, Тревис Пастрана, но неговите шанси за победа беа сведени на нула откако претрпе судир во првата кривина од финалето, во кој неговиот автомобил беше тотално уништен.

Ова беше 73-та рели победа за Лоеб во неговата кариера, а претходните 72 дојдоа од Светскиот Рели Шампионат. Тој никогаш порано не се натпреварувал во Северна Америка или на Реликрос настан. Само бидејќи Пастрана го предизвикал преку нивниот заеднички спонзор, Red Bull, Лоеб се сложил да учествува на X Games.

Ви ја прикажуваме снимката од финалната трка:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.