Наследникот на Bugatti Veyron ќе биде хибрид? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на Bugatti Veyron ќе биде хибрид?

Според најновиот извештај, Bugatti работи на наследник на Veyron, кој би можел да биде хибрид. Исто така се очекува да биде полесен, побрз и најверојатно ќе го носи истото име Veyron.

Главниот инженер на возилото, Jens Schulenburg рече дека се работи на новиот супер автомобил. Наследникот на Veyron ќе остане да биде водечки модел вклучувајќи ја најновата технологија и материјали достапни на пазарот.

Schulenburg истакна дека најголем предизвик за следниот автомобил е да се намали неговата тежина, така што се земаат во предвид некои неверојатни технологии – на пример бандажите да бидат целосно од јаглеродни влакна. Покрај тоа, сериозно се разгледуваат и можностите за тој да биде хибрид.

Со овaa изјава ние можеме лесно да кажеме дека Bugatti планира да претстави наследник, кој ќе биде побрз од Bugatti Veyron Super Sport. Овој најбрз сериски автомобил испорачува 1200 кс, има максимална брзина од 434 км/ч и забрзување од 0 до 100 за само 2.5 секунди, додека 300 км/ч достигнува за 15 секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.