Porsche 911 Carrera S добива повеќе сила и нови опции – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Carrera S добива повеќе сила и нови опции

Porsche неодамна лансира нова опрема за покачување на силата за 911 Carrera S, како и неколку дополнителни опции за купувачите кои сакаат малку повеќе од нивниот автомобил, но не сакаат да посетат тјунерска компанија.

Опремата за сила му дава на автомобилот значајно засилување од 400 КС на 430 КС. Покрај ова покачување на перформансите, потрошувачката на гориво останува иста, додека максималната брзина е зголемена од 306 км/ч на 308 км/ч.

Заедно со гореспоменатата опрема, Porsche нуди неколку специјални опции за да го направите вашиот 911 уникатен. Овие опции вклучуваат поспортски преден браник со поголеми отвори за воздух, дискретен преден спојлер, заден спојлер од Sport Design пакетот и фиксен Aero Cup заден спојлер. Како завршница, Porsche нуди затемнување на предните и задните стакла, како и нови материјали во внатрешноста.

Цената на пакетот треба скоро да биде објавена, но бидејќи се работи за Porsche, се очекува да биде екстремно висока.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.