full screen background image
Search

Нови информации за BMW i моделите

BMW за својот нов под-бренд “i” отвори специјализирана продавница во Лондон, a за да биде промовирана во најдобро светло, претставени беа надградените верзии на i3 и i8!

BMW неодамна почна со развојот на електричните автомобили, a за нив е задолжен новиот под-бренд кој го носи името “i”. Со отварањето на новиот салон на овој под-бренд, претставени се подновените i3 и i8 концепти кои имавме можност да ги претставиме пред саемот во Токио.

Познато е дека i8 ќе носи нов високо технолошки 1.5-литарски мотор со три цилиндри и турбополнач кој произведува 220 КС, усогласен со електричен мотор со сила од 170 КС. Оваа комбинација испорачува максимална сила од 350 КС и 406 Nm. BMW изјави дека сега забрзувањето на i8 од 0 до 100 km/h трае помалку од пет секунди, достигнувајќи максимална брзина од 250 км/ч, додека неговата просечна потрошувачка на гориво се движи околу 3 литри на 100 километри! Сепак, сеуште не се знае колку овие бројки ќе бидат релевантни, бидејќи BMW сеуште ги нема објавено перформансите и потрошувачката на серискиот модел. Продажната цена на овој спортски хибрид ќе биде изнесува повеќе од 100,000 евра.

Моделот i3 пак не доби големи новитети! Кај него беше претставен новиот ентериер, односно новите бои и материјали во внатрешноста додека надворешно останува непроменет. Да се потсетиме, тој има електричен мотор кој испорачува 170 КС и 250 Nm вртежен момент. Со овој мотор возилото забрзува до 60 km/h за помалку од 4 секунди додека забрзувањето до 100 km/h трае нешто под 8 секунди. i3 концептот на BMW, нуди и 200 литри багажен простор што е вистинско изненадување за еден електричен автомобил. Овој модел се очекува да се појави на пазарот при крајот на 2013 година.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW ја претстави новата Серија 2 Active Tourer

Заедно со претставувањето на надградените верзии на i3 и i8, BMW ни го претстави и “BMW i WallBox”, специјалниот полнач за i моделите на BMW.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.