Audi RS6 Avant by MTM & Fostla – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS6 Avant by MTM & Fostla

Германските тјунерски компании MTM и Fostla ги здружија своите сили во тоа што знаат да го прават најдобро и го претставија нивниот заеднички проект базиран на Audi RS6 Avant.

Благодарејќи на тјунинг пакетот од MTM, 5.0-литарскиот битурбо V10 мотор е засилен од фабричките 580 КС и 650 Nm на 759 КС и 912 Nm вртежен момент. Модификациите вклучуваат репрограмиран софтвер, како и нов систем за довод на ладен воздух и издувен систем. МТМ објави дека неговата максимална брзина после овие модификации изнесува 350 км/ч.

Fostla, како специјалист за фолии, го обвитка овој моќен караван во светло сина фолија, која чини 2500 евра, а исто така ги затемни предните и задните светла за 5%. Измените на екстериерот се однесуваат и на нов издувен систем од не’рѓосувачки челик со тркачки катализатор, преден лип спојлер и заден дифузер од јаглеродни влакна. Стандарднте тркала се заменети со 20-инчни RS5 бандажи обвиени во 275/35R20 гуми со високи перформанси.

Целиот тјунинг пакет изнесува 13.300 евра плус 810 евра за инсталација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.