Rowen BMW Z4 – White Wolf Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rowen BMW Z4 – White Wolf Edition

Интересен пакет од Јапонците кои успеваат да ги направат поинтересни и Германските коли. На списокот на Јапонскиот тјунер Rowen се најде BMW Z4.

Накратко, веднаш забележуваме дека боди китот содржи елементи од карбонски влакна. Понатаму во надворешниот дизајн ги забележуваме LED светлата, големите бандажи како и декоративните елемнти. Издувниот систем е исто така потполно замент со нов направен од титаниум.

Навидум типично Јапонската интерпретација на Германското купе веднаш го привлекува вниманието, а кога ќе посветите малку повеќе време на деталите ќе ви стане јасно колку внимание му е посветено на автомобилот. Можеби не е по сечиј вкус, но овој Германско-Јапонски хибрид навистина изгледа различно!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.