JD Power: Возачите на Mercedes-Benz најзадоволни! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

JD Power: Возачите на Mercedes-Benz најзадоволни!

Според најновите истражувања на JD Power, возачите и власниците на Mercedes-Benz се меѓу најзадоволните во светот. Четири први места освоени од страна на Mercedes-Benz, како резултат на последната анкета, чија цел беше да се дознае кој автомобилски бренд нуди најголемо задоволство на возачите.

Анкетата беше извршена од страна на светски реномирамата компанија за истражување на пазарите, JD Power. Возилата кои ја освоија оваа награда се моделите на Mercedes, A-Class, C-Class и E-Class. Освен овие награди, Mercedes-Benz исто така освои прво место за најсилен бренд според студијата на ADAC AutoMarxX.

Според JD Power, сопственикот на автомобилот е оној кој треба најмногу да знае за сите предности и слабости на автомобилот и затоа решиле да направат едно испитување за да го оценат задоволството да се биде сопственик на еден автомобил.

Околу 14 000 испитаници од Германија одговорија на анкетата. Со ова истражување се оценуваше квалитетот и сигурноста на своите автомобили кои се управувани во изминатите две години.
Исто така возачите го оценуваа одржувањето заедно со трошоците.

Врз основа на добиените одговори, изготвена е листа на автомобили кои го нудат најголемото задоволство меѓу возачите и содржи 79 модели од 25 производители на автомобили, поделени во осум категории. Mercedes-Benz ја освои севкупната награда за најдобар автомобилски бренд, но со награди се закитија и A-Class, C-Class и E-Class во соодветните категории!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.