Alfa Romeo моментално произведува само два автомобили, но затоа секоја од нив има многу верзии меѓу кои може да бирате! Најновата на нивниот список е Giulietta Sportiva!
Познатата Giulietta претставува еден од поубавите автомобили денес, препознатливиот дизајн на Alfa Romeo никого не остава без воздишка! Но на Alfa Romeo и тоа и е малку, па така на сцена доаѓа најновата верзија на Giulietta – Sportiva.
Sportiva Line носи неколку подобрувања, како однадвор така и во внатрешноста. Надворешно измените започнуват со големите 18-ични бандажи, праговите на вратите, аеродинамичните ретровизори па се до поклопците на сопирачките и нормално неизбежните ознаки Sportiva Line со препознатливата детелина на Alfa Romeo. Внатре не пречекуваат спортските седишта обложени со црна кожа и црвен конец, а спортскиот дух го надополнуваат алуминиумските спортски педали.
Малку околу моторите на Giulietta Sportiva Line: Оваа Giulietta ќе се нуди со одличниот 1.4 MultiAir бензинец со 130 КС, а во понудата е и препознатливиот 2.0 JTDM турбо-дизел мотор со 140 и 170 КС. Кај Giulietta Sportiva Line купувачите може да избираат помеѓу мануелен или автоматски менувач!