Новите BMW M3 и M4 ќе имаат реден шест-цилинричен турбо мотор – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите BMW M3 и M4 ќе имаат реден шест-цилинричен турбо мотор

Во последниве месеци се ширеа различни гласини околу тоа што ќе се наоѓа во срцето на следната генерација на BMW M3 и М4, но сега изгледа дека мистеријата конечно е разрешена.

Претстедателот на BMW за Северна Америка потврди дека следната генерација на BMW M3 и М4 ќе ја придвижува реден шест-цилиндричен мотор, а не V6 како што се шпекулираше. Како што слушнавме претходно од други извори, планираната V6 единица која се тестираше во M одделот, поради некои причини како неадекватниот баланс и лошата распределбата на тежина нема да се појави во серискиот модел. Редниот шест-цилиндрен турбо мотор најверојатно ќе произведува околу 450 коњски сили и ќе биде поврзан со задните тркала преку трансмисија со двојна спојка.

BMW М3 ќе дебитира во 2013, додека М4 купе ќе следи година потоа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.