full screen background image
Search

GSC Mercedes G Goldstorm Wide Body Kit

German Special Customs (GSC) e компанија за производство на стајлинг делови, која сака да си поигрува со изгледот на некои од најексклузивните возила во светот.

Овој пакет содржи елементи направени од јаглеродни влакна. Него го сочинуваат преден браник, проширени калници, прагови, заден браник, нова маска, како и нов издувен систем со четири цевки поставени под задниот браник. Најприметливи промени се поинаквите предни светла кои личат како да се позајмени од Rolls Royce и задни светлосни групи налик на Ferrari.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.