Subaru BRZ / Toyota GT 86 кабрио наскоро на пазарот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru BRZ / Toyota GT 86 кабрио наскоро на пазарот

Според неодамнешен извештај, Subaru и Toyota ги одобрија кабриолет верзиите на BRZ и GT 86.

Кабриолет верзиите би биле предводници на повеќе нови модели со погон на задните тркала. Тие би биле базирани на платформата на GT 86, а би се состоеле од седан со четири врати и поголемо купе со две врати. Седанот би можел да биде во понудата на Toyota и Lexus, додека купето најверојатно би било ексклузивен борец на Toyota во битката против Ford Mustang, Chevrolet Camaro и Hyundai Genesis Coupe.

Се претпоставува дека кабрио верзиите ќе го носат истиот 2.0 литарски boxer мотор со 200 коњски сили, но останатите варијанти најверојатно ќе имаат поголеми мотори кои исто така би биле и помоќни.

Доколку се оди по планот, кабриолетите би требало да пристигнат на пазарот при крајот на 2013, а другите варијанти би стигнале две години подоцна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.