Претставена технологијата за наследникот на Ferrari Enzo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена технологијата за наследникот на Ferrari Enzo!

Иако зборовите хибрид и суперавтомобил ретко ги среќаваме во една иста реченица, сепак Италијанските мајстори го направија токму тоа!

Во Кина, Ferrari ја покажа технологијата која ќе го придвижува наследникот на легендарниот суперавтомобил – Enzo. Се шпекулира дека неговото кодно име е F70.

Погонот е интересна комбинација на атмосферски V12 мотор и два електромотори, но и автоматски менувач со двојна спојка. Првиот електромотор е поставен меѓу конвенционалниот мотор и менувачот и е поврзан со едната од двете спојки, за да може да гарантира инстантна сила, а другиот е поставен пред големиот V12 мотор и ги напојува помошните системи на автомобилот.

Погледнете како всушност функционира HY-KERS:



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.