Американците од Vorsteiner ги објавија првите фотографии од стајлинг пакетот за Ferrari 599
Надворешните панели се направени од јаглеродни влакна, па соодветно на тоа се и 70 % полесни во однос на фабричките.
Новиот изглед вклучува нова предна маска, заден спојлер како и нов заден браник. Модификации се направени и на издувниот систем кој сосема се вклопува во задниот браник. Големите црни бандажи само го надополнуваат спортскиот изглед на 599 VX Coupe.
Цената не ја знаеме, но со оглед на тоа дека се работи за пакет кој е наменет за едно Ferrari, ако веќе морате да прашате, тогаш сигурно не можете да си го дозволите.