Работната седмица ја започнуваме со првиот дел од екслузивните фотографии кои ги направивме со Volkswagen Amarok. Денес ви ги пренесуваме фотографиите од Дејан Маликовски!
Volkswagen Amarok е модел на Германскиот производител кој веќе сме го возеле, и ни има оставено навистина позитивни импресии. Ја имавме шансата да го повозиме уште еднаш, и уште подобро да се запознаеме со неговите теренски способности, а по пат да направиме уште една интересна галерија фотографии. Фотографиите од Дејан Маликовски ви ги претставуваме денес, а наскоро ќе има уште една серија фотографии од Кристијан Ивановски.
Во меѓувреме, уживајте!