Новиот Emerg-E концепт на луксузната дивизија на Nissan е очигледно инспириран од високата технологија, а судејќи по најавите, токму тоа и ќе го придвижува!
Изгледа дека и Infiniti сериозно се подготвува за настап во Женева. Концептот Emerg-E е токму такво возило, какво што би очекувале од уникатниот Јапонски бренд – интересно, модерно и преполно со модерни технологии – барем според најавите. Не знаеме што точно ќе го придвижува, но од компанијата најавија дека тоа ќе биде хибриден погон – поточно range-extender конфигурација.
Тоа значи дека електричен мотор ќе ги придвижува тракалата, а моторот на внатрешно согорување ќе се користи само за да ги полни батериите – слично како кај Chevrolet Volt / Opel Ampera. Бидејќи авто-салонот во Женева почнува за помалку од две седмици, наскоро ќе дознаеме многу повеќе за овој концепт.