Работилница за горивата во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Работилница за горивата во Македонија

Макпетрол oрганизираше еднодневна работилница на тема „Течните горива во патниот сообраќај во Република Македонија“.

Работилницата се одржа на 1-ви февруари  2012 година во Бизнис салата на Скопскиот саем и презентации на одделни теми имаа претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија,  Министерството за животна средина и просторно планирање и Меѓународниот центар за квалитет на горивата од Брисел како и Макпетрол кои се претставија со две свои презентации.

Една од темите на дискусија беше квалитетот на горивата во Македонија – тема која привлече голем интернес кај посетителите и беше одлична иницијатива за развивање на квалитетна дискусија. Макпетрол ги презентираше своите нови Ултра горива, за кои најавуваат дека се со највисок квалитет, тврдење кое го поддржуваат со константно следење на квалитетот во нивната лабораторија.

Констатација од работилницата е дека во Македонија се нудат квалитетни горива кои ги задоволуваат Европските стандарди, но беше дадено внимание и на бројката на стари и неквалитетни возила кои придонесуваат за зголеменото загадување во нашата држава.

Според Урсула Шаловска, претставникот на International Quality Center од Брисел, и дека горивата на Макпетрол ги задоволуваат стандардите EN228 за бензините и EN590 за дизелските горива. Секако, беше нагласена важноста на квалитетните горива по здравјето на моторите на нашите возила.

Во секој случај, секоја ваква работилница и иницијатива за поквалитетни горива во Македонија е за поздрав!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.