Oбјавени финалистите за Автомобил на Годината во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Oбјавени финалистите за Автомобил на Годината во Македонија

Со пригодна прес-конференција официјално беа објавени кандидатите за Автомобил на Годината на Македонија за 2012-та година. Погледнете ги кандидатите кои оваа година ќе се борат за престижната титула!

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги претстави финалистите кои ќе се натпреваруваат за 17-та по ред титула. Годинешните кандидати беа избрани од поширока листа на потенцијални кандидати. Таа листа беше намалена на сегашните осум кандидати кои ги задоволуваат критериумите за учество во изборот.

Моделите кои ќе се борат за титулата оваа година се:

  • Citroen C4
  • Audi Q3
  • Mercedes B
  • Hyundai Elantra
  • Kia Rio
  • Chevrolet Aveo
  • SsangYong Korando
  • Toyota Yaris
  • Suzuki Swift

Жирито веќе екстензивно ги тестира кандидатите, и за 30-тина дена ќе го објави победникот. Жирито е составено од Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Горан Антевски, Владимир Ристовиќ, Зоран Коцев и Агрон Сулејман, кои се реномирани и специјализирани автомобилски новинари од Македонија и застапуваат повеќе различни автомобилски медиуми.

Критериумите за избор на автомобил на годината се следните:

  • адекватност и понуда на домашниот пазар
  • економичност и еколошка прифатливост
  • безбедност и примена на технолошки достигнувања
  • возни својства
  • дизајн
  • комфор и опременост

Секој од членовите на жирито гласа за автомобилот што во однос на останатите кандидирани автомобили се истакнува по секој од критериумите, при што најголемо влијание имаат критериумите за адекватност и понуда на домашниот пазар и економичност и еколошка прифатливост. Победник е автомобилот со највеќе гласови.

Интересно е што годинава за прв пат ќе се додели и награда за SUV на годината, категорија што според членовите на жирито е се попопуларна во нашата земја.

Им честитаме на кандидатите, и им посакуваме многу среќа. Колку за потсетување, минатогодишниот победник е Hyundai ix35, a пред тоа Opel Astra.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.