Не дека на Mercedes-Benz CLS63 AMG му е потребно доработување, но тоа не ги сопрело креативните дечки од Wald International да го направат тоа што најдобро го знаат!
За многумина, Wald International е непозната компанија, но Јапонските тјунери до сега имаат направено неколку интересни модели, а најновиот од нив е доработениот CLS63 AMG! Целосно во црно, со нови браници, странични прагови, спуштена каросерија и огромни тркала, Black Bison пакетот за CLS63AMG му дава дополнителна доза агресивност и уникатност!
Подобрени перформанси нема, но на 5.5 литарскиот V8 мотор со два турбо полначи, 525 коњски сили и 700 Nm и не му се потребни посебни дотерувања!
Нема да должиме многу, сепак е Нова Година! Уживајте во фотографиите!