Matte финиш… Бидејќи така треба! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Matte финиш… Бидејќи така треба!

Баш кога си помисливте дека „металик“ бојата на вашето милениче изгледа кул, трендовите се менуваат… На ред е „мат“ финиш, или „боја без сјај“.

„Без сјај?? Е како тоа боја без сјај? Нема ли да е грдо??“ – некој би можел да си помисли… Верувајте дека не… Овој примерок на Maserati е толку е далеку од грд, што ни Теоријата за Релативитет на Ајнштајн не „држи вода“, бидејќи овој автомобил е АПСОЛУТНО прекрасен!

Се работи за Maserati GranTurismo S Limited Edition, кој ќе се продава исклучиво на италијанскиот пазар и ќе биде произведен во само 12 примероци. Ограничената серија се произведува по повод 150 години од обединувањето на Италија. Автомобилот се карактеризира со агресивна убавина, детали „спонзорирани“ од шестиот елемент во периодниот систем на елементите т.е. карбон, сина боја со „мат“ финиш на каросеријата, црни 20 инчни бандажи итн.

Во внатрешноста продолжува стилот кој го носи надворешноста, односно оној фантастичен спој на префинетост и елеганција, комбинирани со спортска агресивност. На средишната конзола се наоѓа симболична значка која го обележува она мало елитно друштво од само 12 примероци, и секако поводот за настанувањето на оваа ограничена серија на Maserati GranTurismo S.



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!