Рекорд за Volkswagen Touareg – 22.750 километри за 11 дена и 17 часа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Рекорд за Volkswagen Touareg – 22.750 километри за 11 дена и 17 часа!

Авантуристот Rainier Zietlow ја извозе легендарната Carretera Panamericana во рекордно време!

Zietlow и неговиот тим поминаа вкупно 22.750 километри, од Tierra del Fuego до Аласка, поминувајќи низ 17 земји, како и низ повеќето климатски појаси на нашата планета. Рекордното возење го потврди и TUV Nord организацијата – а тоа изнесува 11 дена, 17 часа и 22 минути, а се вози целата должина на јужна и северна америка.

Touareg се покажал како одличен сопатник, и без разлика на временските и климатските услови, теренот или подлогата, одлично се справил со сите предизвици. И не само што е поставен нов рекорд, туку поранешниот рекорд е победен за цели четири дена!

Честитки и за Zietlow и за Touareg!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.