full screen background image
Search

Jaguar XF Diesel – Од Њујорк до Лос Анџелес!

Дизел горивото никогаш не стана популарно во Америка за обичните возила, па Јагуар реши да го смени мислењето на обичните Американци, со новиот XF Diesel, кој потроши импресивни 4.5 литри на 100 изминати километри!

Ако сакате да им докажете на Американците дека вашиот дизел мотор е добар и дека совршено одговара на една луксузна лимузина каква што е Jaguar XF, тогаш најдобриот начин да го направите тоа е да се извозите од New York до Los Angeles и да се пофалите со потрошувачката!

Новиот 2.2-литарски турбодизел агрегат кој се вградува во XF Diesel испорачува здрави 190 коњски сили, и уште поимпресивни 450 Nm вртежен момент, а тоа е доволно да забрза до 100 километри на час за 8 секунди и да продолжи кон максималната брзина од 225 километри на час.

Но она што највеќе импресионира е потрошувачката – на релацијата долга 4637 километри, просечната потрошувачка изнесувала импресивни 4.49 литри на 100 изминати километри!

Можеме само да му честитаме на тимот на Јагуар за импресивниот подвиг!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.