Премиера: Peugeot 208 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Peugeot 208

Пред неколку дена Peugeot премиерно го покажа новиот конкурент во класата на мали автомобили. Да му посакаме добредојде на 208!

Иако е 8 сантиметри пократок, и еден сантиметар понизок, од Peugeot најавуваат дека во внатрешноста ќе има повеќе простор како за патниците, така и за багажот. Од друга страна, дизајнот, кој влече елементи од спортското купе RCZ како и големиот 508 е поларизирачки и привлекува внимание, а се најавува и спортска GTI верзија. GTI верзијата ветува многу, особено поради фактот дека 208 е за цели 110 килограми полесен од својот претходник!

Во најава има три-цилиндарски безински агрегати со моќност од 68 и 84 коњски сили, како и малиот HDi дизелски агрегат кој би требало да биде меѓу најекономичните во класата, со потрошувачка од околу 3.4 литри на 100 изминати километри.

Во меѓувреме, погледнете го видеото каде дизјанерите на Peugeot зборуваат за дизајнот на малиот 208, како и галеријата официјални фотографии.

Ако сакате можете да се приклучите на дискусијата за Peugeot 208 на нашиот форум.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.