Ford Mustang Shelby GT500 – 650 коњски сили и 200 милји на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Mustang Shelby GT500 – 650 коњски сили и 200 милји на час!

Aмериканците одлично ја продолжуваат традицијата на мускулестите возила – овој пат со Мустанг со цели 650 коњски сили!

Навистина нема потреба од долги воведи кога зборуваме за ваква моќност – 650 коњски сили, над 800 нм вртежен момент и максимална брзина над 320 километри на час. Ова се бројки од кои срцето на секој вљубеник во автомобилите би прескокнало неколку удари.

2013 (да, да, 2013 иако сеуште е 2011) Shelby Mustang GT500 може да се пофали со овие бројки, благодарение на сериозно освежениот 5.8-литарски мотор со алуминиумски блок, компресор и цела лепеза на подобрени и усовршени компоненти. Сисемот за разладување е подобрен, како и односите на брзините на менувачот кој е зајакнат за да може да го издржи огромниот вртежен момент.

За GT500 може да се избере и GT500 Performance Pack опцијата која доаѓа со Bilstein компоненти за суспензијата, поголеми тркала како и заден диференцијал со ограничено пролизгување, a целиот автомобил тежи околу 1700 килограми.

За жал, овој автомобил никогаш нема да го видиме во Европа, но можеме да сонуваме, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.