Наскоро пристигнува документарен филм за Пол Вокер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро пристигнува документарен филм за Пол Вокер

Објавено е првото најавно видео од документарниот филм „I am Paul Walker“ – чија премиера ќе биде прикажана на 11ти Август.

Во својот живот Пол Вокер покрај работата во филмовите секогаш ги следел своите страсти. Неговите две главни пасии биле автомобилите од кои успеал да направи фантастична колекција од одлични модели, како и природата за која бил гласен говорник и основал фондација за прочистување на океаните. За неговиот карактер и најразлични случувања во интервјуа раскажуваат неговите блиски од семејството и колегите од филмската индустрија.

Вокер трагично настрада во 2013 како совозач во сообраќајна несреќа со Porsche Carrera GT. Возач беше Роџер Родас, добар пријател на Вокер, кој исто така го загуби својот живот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.