Suzuki Vitara добива визуелно освежување и нови мотори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki Vitara добива визуелно освежување и нови мотори

Јапонскиот бренд ја обнови актуелната генерација на Vitara со бројни естетски и технолошки подобрувања.

Обновениот модел доаѓа со редизајн на предната решетка, изменет преден браник, нови LED задни светла и нови дизајни на алуминиумски фелни, а во гамата се додадени и две нови бои за каросеријата. Во кабината, Suzuki ги подобриле материјалите на централната конзола, додека инструмент таблата добива централен инфо дисплеј во боја.

Под поклопецот Vitara добива нова гама од 1.0-литарски и 1.4-литарски турбо-бензински агрегати, кои го заменуваат досегашниот 1.6-литарски бензински мотор. Првиот 1.0-литарски агрегат произведува 110 кс, додека посилниот 1.4-литарски мотор доаѓа со 140 кс. Погонот на сите четири тркала ќе биде понуден како опција со посилниот агрегат опремен со мануелен менувач.

Јапонскиот бренд посветил внимание и на технологијата, па така новиот модел ќе може да се добие со системи за известување за напуштање на коловозната лента, препознавање на сообраќајни знаци и проверка на објекти во слепа точка, која ќе го известува возачот за потенцијални опасности кои се наоѓаат во непрегледните делови.

Продажбата на редизајнираната Vitara ќе започне во Септември оваа година.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.