Sergio Marchionne ги напушта позициите во Fiat Chrysler Automobiles и Ferrari! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sergio Marchionne ги напушта позициите во Fiat Chrysler Automobiles и Ferrari!

Поради компликации настанати при хируршки зафат во Јуни, човекот кој скоро 15 години беше на чело на Fiat, па понатаму во FCA, ги напушта своите позиции.

Претседателот на Fiat Chrysler Automobiles се соочи со „неочекувани компликации“ по операцијата на неговото рамо во Јуни. Според официјалните изјави, овие компликации се значително влошени и од компанијата потврдуваат дека тој нема да се врати во својата улога.

Одборот на FCA одлучи да го забрза процесот на замена на својот CEO (Chief Executive Officer). Всушност, Marchionne планираше да се пензионира следната година и процесот веќе беше започнат, но неочекуваните здравствени компликации на предводникот на FCA и Ferrari ги забрза овие процеси. Во меѓувреме, за вршител на должноста CEO е назначен Mike Manley, човекот кој неколку години стои на чело на Jeep и е заслужен за глобалниот успех на овој американски бренд.

Интересна изјава приситгна од John Elkann, претседател на Exor инвестициската група и наследник на Agnelli семејството. Тој го опиша Marchionne како „ментор и просветлен лидер со невообичаена интелигенција.“ Тој кажа дека е „навистина натажен за состојбата на Sergio, и дека ова е ситуација која беше незамислива само пред неколку часа, а сега не остава сите нас со чувство на неправда.“

Покрај тоа што беше на челото на FCA, Marchionne беше и претседател и CEO на Ferrari. Како и од FCA, и од Ferrari пристигна потврда дека „со длабоко жалење потврдуваат дека Marchionne нема да може да се врати на работа.“ Одборот на директори го постави John Elkann за претседател а Louis C. Camilleri ќе биде предложен за позицијата на CEО – иако таа должност ќе ја извршува во привремена улога до официјалното назначување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.