Сподели! ;)

Toyota претстави Freestyle изведба од караванската верзија на Auris, која добива поробустен изглед со дизајнерски елементи карактеристични за теренските возила.

Моделот го следи трендот поставен од Volvo и Subaru кои им даваат на караваните поспособен теренски изглед. Тоа вклучува црни заштитни панели на крилата, страничните прагови, заштитни елементи под каросеријата, затемнети задни стакла, светло-сребрени капаци на ретровизорите и уникатен сет од 17-инчни фелни.

Останатиот дел е ист како стандардниот Auris караван – па добивате 530 литарски багажен простор и избор од бензински, дизел и хибридни погонски единици. Хибридот до сега се покажа како најпопуларен избор, со оглед на тоа дека две третини од купувачите на Аурис се одлучиле за електрифицирана верзија наместо конвенционална.

Toyota Auris Touring Sports Freestyle ќе биде понудена во Европа од Декември како лимитирана верзија, а деталите за производство и цена треба наскоро да бидат објавени.