Во Франкфурт пристигна новиот Porsche Cayenne Turbo со 550 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Франкфурт пристигна новиот Porsche Cayenne Turbo со 550 коњски сили!

Porsche официјално ја претстави најсилната верзија од новата генерација на Cayenne, која ја носи ознаката Turbo.

Погонувана е од 4-литарски V8 битурбо агрегат кој испорачува 550 кс и 770 Nm вртежен момент кон сите тркала преку нов осум-степен Tiptronic S менувач. Тоа значи дека новиот Porsche Cayenne Turbo e 30 кс и 20 Nm посилен од неговиот претходник, и му се потребни 4.1 секунда да достигне 100 км/ч од место, или само 3.9 секунди кога е опремен со опционалниот Sport Chrono пакет. Неговата максималната брзина изнесува 286 км/ч.

Моделот е опремен со активна аеродинамика која опфаќа адаптивен кровен спојлер, кој ја оптимизира економичноста, ја зголемува потисната сила на задната оска и исто така работи и како воздушна сопирачка. Како опција ќе можат да се добијат управување на задната оска, Dynamic Chassis Control стабилизација за наведнување и Torque Vectoring Plus систем.

Новиот Cayenne Turbo вози на адаптивна воздушна суспензија со шест нивоа на висина. Тие можат да бидат мануелно прилагодени за различни терени на возење и можат исто така активно да бидат контролирани преку пет нови режими на возење по асфалтирани патишта и погруби терени.

Најсилната верзија се истакнува од останатите преку редизајнираниот преден дел со LED предните светлосни групи, пошироките странични крила, 21-инчните тркала, двојните издувни цевки и пластиките на вратите обоени во бојата на каросеријата.

Кабината добива нови спортски седишта со 18 насоки за прилагодување, мултифункционален спортски волан со греење, Porsche Advanced Cockpit во централната конзола и премиум аудио систем Bose со јачина од 710 вати.

Иако е штотуку претставен на автомобилскиот саем во Франкфурт, новиот Porsche Cayenne Turbo веќе може се нарача во неколку Европски земји, со цени кои започнуваат од 138,850 евра во Германија. Првите примероци ќе бидат испорачани до купувачите при крајот на годинава.

Поврзано:   Македонска премиера на новата Porsche Panamera!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.