Toyota го претстави освежениот Land Cruiser во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota го претстави освежениот Land Cruiser во Франкфурт

Актуелната генерација на големиот теренец на Toyota се продава во Европа од 2009-тата година, па токму затоа Јапонскиот производител се одлучи да ја модернизира.

Обновениот Land Cruiser доаѓа со нов поклопец на моторот, браници, странични крила, решетка, тркала и предни и задни светла. Измените не се исклучиво естетски, туку тие се направени да му помогнат на возачот полесно да ги лоцира краевите на возилото при маневрирање со него, а исто така и да се подобри ладењето на моторот.

Ентериерот е освежен со нова-инструмент табла и централна конзола. Тука се и нов осум-инчен мултимедијален систем, нови материјали и површини на контролите.

Купувачите ќе можат да одберат помеѓу каросерија со три и пет врати, десет бои за екстериерот, три комбинации за ентериерот и неколку опции за погонски единици. Тука е 2.8-литарски четири-цилиндарски турбо-дизел со 177 кс и 450 Nm усогласен со шест-степен автоматски или рачен менувач. Бензинците ги сочинуваат 2.7-литарски агрегат со 161 кс и 245 Nm комбиниран со пет-степен рачен менувач, како и 4.0-литарски мотор со 249 кс и 380 Nm вртежен момент во комбинација со шест-степена автоматска трансмисија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.