Ferrari 296 Challenge Stradale е спремен за тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari 296 Challenge Stradale е спремен за тркачките патеки!

Брендот ја враќа ознаката Challenge Stradale по цели 23 години откако последен пат беше ставена на легедарниот модел 360.

3-литарски твин турбо V6 сега работи самостојно, без електрична помош. Toj испорачува моќност од 670 коњски сили при 8000 вртежи во минута и 740 Nm вртежен момент при 6250 вртежи во минута.

Со целосното отстранување на батеријата и електричниот мотор од стандардниот хибриден склоп, сувата маса на возилото е намалена за 140 килограми и сега изнесува точно 1330 килограми.

Ова значајно олеснување овозможува односот помеѓу масата и моќноста да изнесува 1,98 килограми по една коњска сила, што директно ја подобрува агилноста и одзивот на тркачката патека.

Силата се пренесува исклучиво на задните тркала преку осумстепениот менувач со двојна спојка, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, додека максималната брзина ја преминува границата од 300 км/час.

Каросеријата со напредна аеродинамика генерира дури 617 килограми потисна сила при брзина од 250 км/ч, овозможувајќи максимална стабилност при големи брзини во кривини.

За сопирањето е задолжена најновата генерација на карбон-керамички сопирачки во комбинација со специфично калибриран ABS Evo систем, кој му овозможува на автомобилот при брзина од 200 км/час целосно да се застане за само 101 метар.

Внатрешноста е целосно изработена во тркачкиот дух, со карбонски седишта, минималистички контроли и прилагодливи менија за брзо читање на телеметријата.

Се очекува првите испораки до купувачите да започнат во текот на 2027 година, при што автомобилот ќе се произведува во строго ограничени серии со претходна селекција на купувачите.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!