Formula 2030 е најновиот концепт на Polestar – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 2030 е најновиот концепт на Polestar

Концептот ги најавува новата дизајнерска филозофија и технолошки решенија што ќе се применат кај претстојните сериски модели на брендот.

Возилото има должина од 4680 мм, ширина од 2021 мм, меѓуоскино растојание од 2780 мм и висина од само 1350 мм.

Надворешноста воведува нова бела Nitrogen боја со сина нијанса, а тука се и задните врати кои се отвораат во спротивна насока од предните.

На предниот дел се истакнува новиот дизајн на маската и браниците, заедно со скриениот LiDAR модул кој се извлекува по потреба.

Задниот дел носи целосно нов потпис на светлосните групи со кои Polestar се оддалечува од досегашните непрекинати светлосни ленти.

Внатрешноста носи значајна промена со враќање на физичките контроли.

Под централниот екран се поставени осум прилагодливи физички прекинувачи и ротирачки контроли, додека возачот пред себе има голем закривен екран со дијагонала од 20 инчи и yoke волан.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!